Екипата од Коњари сепак остана непоразена во Превалец. Дербито на Третата фудбалска лига – Југ заврши без победник, Превалец и Големо Коњари го поделија „пленот“ играјќи 3:3.
Натпреварот изобилуваше со пресврти. Гостите поведоа уште во 4 минута преку Мекешоски, во 23 минута Чоков израмни. Во вториот дел Атанасовски во 54 минута донесе водство за Превалец, а гостите со двата гола на Андреевски повторно дојдо во водство. Со вториот гол на Атанасовски на шест минути пред крајот на натпреварот донесе бод за Превалец.
Содржината продолжува под рекламата
По три одиграни кола Превалец се наоѓа на седмата позиција со освоени четири бода. Во наредното коло екипата на Превалец ќе гостува кај Марена.
Можеби ќе ве интересира: