Детали за денешната несреќа во центарот на градот, загина 21-годишно момче од Велес

Момче на 21-годишна возраст загина во железничка сообрќајна несреќа денеска во центарот на градот, а возот се сообраќал на релација Гевгелија-Скопје

Zito akcija 640x289px

Началникот на Службата за итна медицинска помош, д-р Василка Пановска Поп Стефанова информира дека нивна екипа била повикана на местото на настанот во 11:40 минути но за жал само е констатирана смрт кај 21-годишното момче Т.И. од Велес.

Agria

Според неофицијални информации од очевидци, 21-годишното момче само се фрлило и си го одзело животот.

Полицијата сеуште е на лице место и изврши увид на местото на настанот.

„Поради настанот веќе два часа сообраќајот во градот е закочен, бидејќи возот го има блокирано преминот кај Нов мост“, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Двата моста во Велес веќе се пуштени во употреба и сообраќајот се одвива во нормала.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: