Детали за убиството на 40-годишниот велешанец

Во куќа на улица Максим Горки број 190 минатата ноќ е убиен 40-годишен велешанец. Осомничена за убиството е 23-годишна девојка со која тој живеел. Го прободела со нож директно во срцето. Според едни, живееле вонбрачно, според други, биле во брак. Најверојатно, нетрпеливоста е причина за злосторствто. Велешанецот синоќа, половина час пред полноќ дошол во куќата, а три часа подоцна, неговата партнерка повикала брза помош.

Zito akcija 640x289px

„Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки бр. 190. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош, велат од Итната медицинска помош во Велес“, рече др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош во Велес.

Лекарите повикале полиција, која на местото на убиството ја затекнале девојката, а потоа и ја привеле.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Верољуб Додевски – портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Убиениот бил вработен како полицаец во СВР Велес. Соседите раскажуваат дека бил конфликтна личност, а зад себе имал неколку неуспешни бракови. Сепак, синоќа не слушнале ништо сомнително.

„Повеќе пати имаше проблеми, тропање, пискање, викање. Не даваше никому да ја остава колата на паркингот спроти куќата на Касапови, кој е во сопственост на музејот и редовно имаше расправии. Беше нестабилен човек. Кога и да излезев да го фрлам сметот, тој мораше да дофрли нешто, за да се скара со некого. Сопругата два-три пати одеше, се жалеше, каде – не знам, важно ништо не им помогна и на крајот изгледа на ова прибегнала. “, рече сосед на убиениот.

No description available.

Од полицијата велат дека нивниот колега го познаваат како мирен и повлечен човек. За него досега немало пријава за семејно насилство, а немало ниту поплаки од граѓани за неговата работа како полицаец.

Куќата во која се случи убиството утрово ја обезбедуваше полицијата, иако увидот е завршен. Јавен обвинител дал наредба за обдукција на телото, а се очекува за девојката да побара притвор.

„Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта,  изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство. Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција. Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело“, велат од Основното јавно обвинителство Велес.​

Ова е прво убиство во Велес во последните четири години.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24037/pet-paczienti-se-ispishani-od-veleshkiot-kovid-czentar-33-paczienti-imaat-potreba-od-kislorodna-poddrshka/