Дете што посетувало градинка во Свети Николе е позитивно на Ковид 19. Според градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, останатите деца од групата се во изолација заедно со воспитувачката и негувателката.
Во групата биле четири деца. Според Велковски детето не го добило вирусот во градинката, туку од надворешен контакт. Останатите деца и негувателките немаат никакви симптоми, но веројатно ќе бидат тестирани на корона вирус, пред да продолжи нивното згрижување во градинката.
Претходно во оваа градинка има регистриран три случаи на корона вирус кај вработените, две негувателки и адмнистративен работник, а еден е во изолација.
Досега коронавирусот беше утврден кај вработени во градинки во Тетово,Скопје, Виница, Чешиново Облешево и кај деца кои посетувале градинка во Струмица и Скопје.
Можеби ќе ве интересира: