Џафери се откажал од намерата утре да закаже седница за избор на спикер

sobranie na RSM

Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието, на која треба да се избере претседател на Парламентот. Седницата вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери. Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата не е најавена и на веб страницата на Собранието. Можна причина се семејни обврски на Џафери. Тој синоќа на неговиот фејсбук профил објави дека добил внук од ќерка.

Zito akcija 640x289px

„Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер! Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти“, напиша Џафери на ФБ.

Agria

Честитки за внукот доби од лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска напладне треба да го добие мандатот за составување Влада од шефот на државата Стево Пендаровски.

Талат Џафери вчера кажа дека им дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом. Рече дека, штом претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство. За ова тој веќе ги информирал и координаторите на партиите во Парламентот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: