Поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери синоќа го потпишал решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори со кои изборите се распишани за на 15 јули.
„Истото е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот“, соопшти Џафери.
Изборите најпрво беа закажани за на 12 април, но беа одложени поради коронавирусот. Потоа партиите преговараа за нов датум, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера постигнаа договор тие да се одржат на 15 јули.