Џенита Кицара и Миа Велинова од женскот фудбалски клуб Борец се најдоа на списокот на селекторот Катерина Милеска на женската репрезентација на Македонија до 17 години за квалификацискиот турнир во Албанија.
Квалификацискиот турнир (Б лига) ќе се одржи во Албанија во периодот од 8 до 14. март, а нашата млада селекција се наоѓа во групата 3, заедно со Шкотска, Азербејџан и домаќинот на турнирот, Албанија.
Содржината продолжува под рекламата
Првиот меч ќе го одиграат против Шкотска, денес на 8. март, на стадионот Игнатиа во Рогожине, со почеток од 12. часот. На 11. март, на истиот стадион ќе се одигра натпреварот од второто коло против селекцијата на Азербејџан. Последниот натпревар е закажан на 14. март, против домаќинот Албанија, на стадионот во Елбасан во 14.30часот.
Можеби ќе ве интересира: