Џо Бајден и Доналд Трамп го осудија вчерашниот терористички напад во Виена

Bajden i Tramp

Донал ги осуди нападите во Виена, нагласувајќи дека нападите на злото мора да престанат, а неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден, повика на единство во спротивставувањето на насилството.

Zito akcija 640x289px

Трамп на „Твитер“ го осуди терористички напад во Виена, додавајќи дека срцата на Американците се со Австрија и Франција.

Agria

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги осуди нападите во Виена, нагласувајќи дека нападите на злото мора да престанат, а неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден, повика на единство во спротивставувањето на насилството.

Трамп на „Твитер“ го осуди терористички напад во Виена, додавајќи дека срцата на Американците се со Австрија и Франција.

„САД стојат заедно со Австрија, Франција и цела Европа во борбата против терористите, вклучително и радикалните исламистички терористи. Овие напади на злото врз невините мора да престанат”, напишал актуелниот претседател и републикански кандидат пред изборите.

Бајден рече дека по страшните терористички напади во Виена, сите мора да се спротивставиме на омразата и насилството.

„По ужасниот терористички напад во Виена, Австрија, Џил и јас ги чуваме жртвите и нивните семејства во нашите молитви. Сите мора да стоиме обединети против омразата и насилството“ напиша Бајден.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека станува збор за „одвратен терористички напад”, и дека земјата ќе се бори против оваа опасност со сите расположливи средства.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15058/ograbena-benziska-pumpa-vo-veles/