Џо Бајден: Ќе ја обединам Америка

Џо Бајден

Поранешниот потпретседател Џо Бајден и официјално ја прифати претседателската номинација на Демократската партија за изборите на 3 ноември на кои ќе го предизвика актуелниот претседател на САД Доналд Трамп.

Zito akcija 640x289px

Во својот говор, Бајден вети дека ќе ги прекине американските „денови на одушевување со диктаторите“ и рече дека ќе спроведе национална стратегија за борба против пандемијата на коронавирусот на неговиот прв мандат, доколку биде избран.

Agria

„Ќе бидам претседател кој ќе застане со наши сојузници и пријатели. Деновите на здружување со диктаторите завршија“, рече Бајден во говорот во живо одржан во празната арена во неговиот роден град Вилмингтон, Делавер, на последниот ден од интернет-конвенцијата на партијата.

Изјавата беше насочена кон перцепцијата дека Трамп е премногу пријателски расположен со рускиот претседател Владимир Путин и со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Бајден рече дека работи од национална стратегија за борба против коронавирусот уште од март и ќе ја спроведе на „првиот ден“ од неговото претседателство. Тој рече дека е „непростливо“ што политиката на Трамп не успеа да ги заштити Американците од смртоносниот вирус. Бајден, исто така, вети дека ќе ја обедини земјата, која е зафатена со протести за расна правда предизвикани од убиствата на невооружени Афроамериканци од полицајци.

Бајден подоцна, во еден дел од својот говор за прифаќање на кандидатурата, му се заблагодари на поранешниот претседател Барак Обама со кого помина два термина во Белата куќа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: