Џо Бајден: Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија

Џо Бајден
Џо Бајден

Кандидатот за претседател на Америка и против кандидат на Доналд Трамп, Џо Бајден, на прес конференција го коментираше договорот кој го потпишаа лидерите на Србија и Косово вчера во Белата куќа, и порача дека Косово треба да биде независна држава.

Zito akcija 640x289px

„Пред се, не знам на што се однесува договорот. Она што го аргументирав секогаш, е дека Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија. Јас поминав многу време таму. Врз основа на кажаното, претпоставувам дека тоа ќе ја засили таа независност, но не знам“, рече Бајден.

Agria

Понатаму Бајден го коментираше и Израел и порача дека е добро да се нормализираат односите со земја која има мнозинство муслиманско население.

Во документот кој се однесува на Србија се наведува дека Белград е согласна до 20 септември 2020 да отвори државна канцеларија во Ерусалим, а до 1 јули 2020 да ја префрли својата амбасада во Ерусалим. Оваа точка во договорот за Косово, пак, предвидува дека Косово и Израел ќе имаат меѓусебни признавања.

Поврзани вести:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: