Дијабетичарите бараат државата да набави нови терапии

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Република Северна Македонија (СЗДСМ) бара до Министерството за здравство на Република Северна Македонија да набави најнови и иновативни терапии за лицата со дијабетес. Според СЗДСМ, новите терапии овозможуваат подобра гликемиска контрола, а со тоа и помалку коморбидитети или било каква друга непосакувана последица.

Zito akcija 640x289px

„Ова наше барање беше разгледано од страна на Националната комисија за дијабетес и Министерството за здравство и истото беше земено предвид при креирањето на тендерската спецификација во новиот јавен повик за набавка на инсулини. Со оваа одлука нашите здравстени власти ни покажаа дека нашите барања ги антиципираат и имплеметираат при носењето на нивните одлуки, за што како пациентска организација им искажуваме јавна благодарност. Креирањето на оваа тендерска спецификација за нас претставува добар пример како треба да изгледа соработката на сите заинтересирани страни“, велат од СЗДСМ.

Agria

Од Сојузот инфоримираат дека се во постојана комуникација со националната комисија за дијабетес која е составена од специјалисти по ендокринологија со научни звања, а е надлежна за составување на листа на терапија за лица со дијабетес.

„СЗДСМ цени и потикнува дебати, но во медицинската наука не навлегува, тоа е единствена работа на специјалистите, кои се целосно посветени на справување со дијабетесот. За нас е непоимливо вршењето на било какво влијанние на одлуките на лекарите – специјалистите за одредување на терапија. Овие одлуки се засноваат на проценка на докторите, согласно медицината базирана на докази, вклучително и почитувањето на медицинските протоколи за третман на дијабетес за секое лице индивидуално“, велат од Сојузот.

Сојузот на здружанија на дијабетичари апелира до сите лица со дијабетес и нивните семејства за неприфаќање на неаргументираните и недокажани реакции во јавноста, пред се на социјалните мрежи.

„Во Република Северна Македонија од 2018 година, со надополнувањето на законските прописи за паралелен увоз, се подигнаа критериумите за контрола на сите увезени серии на инсулини, односно нивната дистрибуција се реализира преку официјалните дистрибутери. Контролата на процесот на складирање и дистрибуција на инсулинските препарати е постојано реализирана од страна на МАЛМЕД и со тоа ние како пациенти треба да бидеме сигурни во запазувањето на сите чекори пред да го подигнеме нашиот инсулин од инсулинските аптеки“, велат од СЗДСМ.

Сојузот бата сите здруженија на лица со дијабетес да се придржуваат кон одлуките на органите на СЗДСМ и потсетуваат дека јавното здравје не е ниту бизнис, ниту пак политика.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17662/germanczite-gi-biva-za-s%d1%90-sega-se-i-najinventivna-naczija/