Дијабетичарите побараа помош од народниот правобранител за ненабавените ленти и глукомери

Dijabeticari
Dijabeticari

Во име на 44.000 дијабетичари Сојузот на здруженија на дијабетичари побара помош од Народниот правобранител за ускратеното право на здравствена заштита со доцнењето на набавката на глукомери, ленти и сензори за контролирање на вредностите. Сојузот поднесе претставка до Народниот правобранител и порача дека стои на располагање за објаснување состојбата во која се наоѓаат повеќе од девет месеци, принудени со свои средства да ги купуваат неопходните лекови и помагала.

Zito akcija 640x289px

„Обврската за редовна набавка на глукомерите и лентите, согласно член 16 од Законот за здравствена заштита и Програмата на Владата на РСМ за набавка на инсулини, анти-дијабетна терпаија, системи за континуирано мерење на гликемија, пумпи од 01.02.2023 година, е исклучиво на Министерството за здравство со средства од Буџетот на РСМ, преку тендерски постапки за набавка во две годишни програми. Претходната тендерска набавка беше со важност до 31.12.2022 година, следната требало да биде распишана два месеци однапред, до тоа не дошло од кои причини не сме официјално запознаени, се доцнело до месец април и поради сите тие причини пациентите со дијабетес се оставени без неопходните глукомери и ленти од 01.01.2023 година до денес односно 9 месеци“, стои во претставката до Народниот правобранител.

Agria

Од Сојузот потсетуваат дека последиците од нерегулирани гликемиски вредности и компликациите кои настануваат се кардиоваскуларните заболувања, дијабетична полиневропатија, нефропатија, ретинопатија и други кои не се лекуваат туку само се живее со нив.

„Периодот во кој пациентите се оставени без неопходните за нормален живот глукомери и ленти е долг веќе 9 месеци со што на пациентите им е повредено правото за здравствена заштита загарантирано со Устав на РСМ, Законот за здравствена заштита и Законот за правата и заштина на пациенти, а воедно и им е предизвикана материјална штета бидејќи сите пациенти во изминатиот период лентите ги купуваат во аптеките со сопствени средства. Ние силно веруваме дека државата има полн капацитет да ги заштити правата на граѓаните за здрав живот, да им го врати мирот, достоинството, спокојот и нормалниот живот без ризик, на 44.000 свои државјани и граѓани. Како хумана држава, мора да го одржува високо квалитетот на животот на сите свои граѓани, особено на децата и младите до 18 години заболени со Дијабетес Тип 1“, наведуваат од Сојузот.

Од таму објаснуваат дека и по неколкуте средби со министерот за здравство, решение на проблемот нема, а во законскиот рок од 15 дена немаат одговор ниту на претставката што ја испратиле до Министерството за здравство.

Токму поради немањето одговор од надлежните институции, од Сојузот одлучиле да се обратат и до Народниот правобранител. Отккао ќе добијат одговор од таму најавија дека ќе носат одлуки за следните правни чекори што ќе ги преземат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: