Димитров: Решението со Бугарија на дебата и валидација во македонскиот Парламент

Vicepremier Nikola Dimitrov
Vicepremier Nikola Dimitrov

Валидација од парламентот за евентуално решение со Бугарија побара вицепремиерот Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ) на денешната седница на која беа дискутирани заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) усвоени минатиот вторник (14 декември).

Zito akcija 640x289px

Никола Димитров рече дека за надминување на состојбата потребно е обединување и заедничко дејствување за заштита на највисоките национални интереси пред секои други.

Agria

„Оваа тема во државава ги надминува интересите на една или на друга влада, на една или на друга опозиција, а со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска влада има проминентно место и собранието, каде што секое евентуално решение ќе оди на дебата и на валидација во парламентот во Софија. А исто така, имајќи ја предвид и резолуцијата донесена во нашето Собрание, каде што се утврдуваат црвените линии за ова прашање од највисок национален интерес, мислам дека има логика и ќе се зголеми легимитетот ако и ние чекор по чекор градиме политичка атмосфера во насока дека какво било решение што мора да биде европско и мора да биде достоинствено ќе дојде на дебата, на валидација и во македонскиот парламент“, нагласи вицепремиерот.

На седницата присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, при што членовите на НСЕИ се согласија дека ова собраниско тело треба да има клучна улога во процесот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: