Директорот на Здравствен дом Велес Никола Димовски се повлече од функцијата

Лекарката Виолета Ружинова Петкова е назначена за в.д. директор на Здравствен дом Велес, откако минатата недела на оваа функција оставака си поднесе досегашниот прв човек Никола Димовски. Тој се повлекува од директорската позиција од лични причини. Министерството за здравство ја прифатило оставката и во понеделникот го разреши од функцијата. На чело на оваа здравствена институција Димовски беше од 2017 година, прво како в.д. директор, а потоа доби и мандат од четири години, кој сега го прекинува пред истекот.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Досегашниот директор Никола Димовски за Батали.нет ја потврди веста за оставката. Вели дека во времето додека раководеше со оваа институција се случиле најголемите инвестиции, а Здравствен дом Велес доби нов лик.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

„Ми претставуваше огромно задоволство и чест изминативе четири години да раководам со јавна здравствена институција како што е Здравствениот дом од Велес, особено важна за градот, но и за сите соседни општини кои ги покриваме. Се соочивме со низа предизвици поради пандемијата на COVID-19, но кога се има визија, волја и пред сѐ мотивиран и високо стручен медицински и административен тим, успешно се справувавме со сите потешкотии. Заедно постигнавме многу успеси во подобрувањето на инфраструктурата и опремата која ја затекнавме во Домот. Од објект во навистина недолична состојба, најголемо задоволство ми е кога ќе чујам позитивни сведоштва за соодветен, професионален здравствен третман, како што и доликува на секоја здравствена институција. Горд сум на успесите кои ги постигнав заедно со мојот тим. Исто така им благодарам на сите наши соработници и компании партнери на Здравствениот дом кои покажаа општествена одговорност и ни ја дадоа поддршката кога беше најпотребно“, рече Димовски.

Текстот продолжува под рекламата

Новата директорка др. Виолета Ружинова Петкова е дел од тимот на Здравствен дом Велес и како внатрешно решение, ќе раководи со оваа здравствена институција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: