ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.
Содржината продолжува под рекламата
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 85,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 76,5 денари за литар.
Содржината продолжува под рекламата
Со одлуката на РКЕ за 1,888 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС кој од полноќ ќе чини 39,779 денари.
Можеби ќе ве интересира: