Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува два денара, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Во согласност со оваа одлука, цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) нема да претрпат промени, а цената на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемува 2 денара за литар.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,044 денар за килограм и ќе изнесува 56,207 ден./кг. Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Бензин „евросупер БС-95 I“ – 82 денари/литар
Бензин „евросупер БС-98 I“ – 84 денари/литар, Дизел-гориво I – 86 денари/литар, Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) I – 81 денар/литар, Мазут М-1 НС I – 56,207 денари/килограм.
Можеби ќе ве интересира: