Ново поскапување на дизелот почнува од ноќеска на полноќ. Малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 2,5 денари и од утре ќе изнесува 104,5 денари, што е рекорд.
Цените на бензините остануваат исти, односно Еуросупер 98 ќе се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар.
Содржината продолжува под рекламата
Иста останува и цената на мазутот 55,5 денари, додека цената на екстра лесното масло се зголемува за 3 денари и ќе изнесува 102,5 денари по литар.
Можеби ќе ве интересаира: