Дизелот поскапува за еден денар, бензините остануваат по иста цена

benzini tocenje
benzini tocenje

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 95 денари/литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 97 денари/литар, а дизелот ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 86 денари/литар. Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) ќе чини 84,5 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и сега ќе изнесува 54,640 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: