ДКСК: Синот на премиерот не трошел државни пари за патувањето и престојот во САД, не бил дел од државната делегација

Мицкоски
Мицкоски

Синот на премиерот Христијан Мицкоски сам си ги платил авиобилетите и сместувањето во Њујорк и Вашингтон за време на самитот на НАТО во јули и не бил дел од владината делегација е епилогот од случајот кој го отвори Антикорупциска по допрен глас. Фотографијата на Јован Мицкоски  заедно со неговиот татко, експертот и експертот Едвард Џозеф на терасата на универзитетот Џон Хопкинс ја разбранува јавноста и го отвори прашањето во кое својство тој отишол во САД и на која сметка.  Владината делегација броела 21 лице, според податоците кои ги добила Антикорупциска и на неа го немало името на синот на Мицкоски.

Zito akcija 640x289px

„Во овој список на лица не е наведено името на синот на претседателот на Владата, односно за него не се резервирани билети преку службата за општи и заеднички работи. За наведеното лице доставени се авио билети за реализирано патување на релација Скопје-Вашингтон и Њујорк-Скопје за чие плаќање се приложени фискални сметки за извршена исплата во готово“, рече Зоран Богоевски, член на ДКСК.

Agria

Јован Мицкоски не бил ни сместен во истиот хотел со владината делегација, туку си изнајмил апартман.

„Од приложените фактури се констатира дека ова лице не престојувало во хотелите каде била сместена владината делегација, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на РСМ, како што е случајот со фактурите за хотелското сместување на владината делегација. Истите фактури гласат на име на физичко лице“, вели Богоевски.

Воедно Антикорупциска била информирана дека Јован Мицкоски не присуствувал на ниту еден официјален состанок и средба на владината делегација, туку само на предавањето на неговиот татко на универзитетот Џон Хопкинс, по покана о0д оваа институција.

„Утврдивме дека наводите не се потврдуваат и нема елементи за натамошно постапување по оформениот предмет од причини што ДКСК по извршената проверка не утврди прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, односно не утврдивме користење на буџетски средства за приватни цели“, додава Богоевски.

СДСМ побара премиерот јавно да ги објави сметките од купените авио билети и сместувањето во Вашингтон и Њујорк на неговиот син. Владејачката ВМРО ДПМНЕ, Владата и МНР излегоа со соопштение во одбрана на Мицкоски и информираа дека тој сам ги платил сметките за синот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: