Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов на 24 што е за еден пациент помалку од вчерашниот ден. Од нив, 16 имаат позитивни тестови, двајца пациенти се сомнителни на вирусот, а шест пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
На кислородна поддршка се 13 пациенти. На инфективното одделение се сместени 18 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат шест пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар хоспитализиран е еден нов пациент, а еден пациент с испишан.
Можеби ќе ве интересира: