Дневно ќе се овозможи да се вакцинираат и над 10. 000 граѓани

vakcinacija Boris Trajkovski

Министерот за здравство Венко Филипче најавува дека на  пунктовите за масовна вакцинација  што треба да профункционираат во уште шест градови од вторник следната недела дневно ќе се овозможи да се вакцинираат и над 10. 000 граѓани и како што вели, воопшто да нема никакви гужви. Досега се вакцинирани вкупно 60. 000 граѓани.

Zito akcija 640x289px

Одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните реакции од граѓани дека чекале за вакцинација на вакцинални пунктови во Скопје Филипче денеска изјави дека станува збор за недоразбирање во термините, како и дека тоа е решено и нема да се случува во наредниот период.

Agria

– Во однос  на чекањето и гужвите мислам дека има сосема доволен предвиден простор. Оваа слика и доколку е некаков ризик, засега не гледаме дека е ризик, може да се смени со пуштањето на пунктовите за масовна  вакцинација, спортските сали кои ќе профункционират од вторник. Веќе во понеделник насекаде ќе бидат дистрибуирани, согласно бројот  на пријавени граѓани, кинеските вакцини и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид ќе започне вакцинирањето. Мислам дека ќе биде систем кој ќе овозможи и над 10.000 граѓани дневно да се вакцинираат и воопшто да нема никави гужви – изјави Филипче.

Министерот за здравство дополни дека досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените  во критичната инфраструктура.

– Според нашите пресметки, нешто под 20 отсто, околу 18 отсто се вакцинирани лица над 70 години од вкупната  бројка на граѓани над 70 години во земјава – рече Филипче.

Извор: libertas

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20379/grczija-ja-otvora-graniczata-za-makedonskite-gragani/