До крајот на Април ќе се знае кој ќе биде партнер за гасификација на општините

До крајот на Април ќе се знае кој ќе биде партнер на државата за гасификација на општините. Проект, според првичните пресметки, тежок околу 350 милиони евра. Од транспорт и врски велат во трка се две големи турски компании. По електронската аукција ќе се знае кој ќе ги гасифицира општините, но пресудна ќе биде цената што ќе биде понудена за приклучок на граѓаните.

Zito akcija 640x289px

Засега само Штип и Крива Паланка се целосно подготвени за старт на секундарната гасификација. Техничка документација изработуваат и Прилеп и Битола. Од Транспорт и врски се оптимисти дека изградбата на мрежата во општините ќе почне годинава.

Agria

Паралелно се работи на краци од главниот цевковод кон Битола, Ресен, Тетово и Гостивар. Од источниот регион крак од гасоводот на државен трошок нема да добијат Кочани и Виница, но за нив останува отворена опцијата концесионерот  да најде модел за снабдување со гас по примерот на Струмица и Куманово.

На крајот на минатата година Собранието го усвои законот со кој државата го откупи уделот во Га-Ма од 50 %  што беше во сопственост на Макпетрол.Со тоа државата стана целосен сопственик на гасоводната мрежа во должина од 200 километри. За опозицијата сумата што треба да ја плати државата е превисока, но од власта сметаат дека ќе се отвори можноста за уривање на монополот. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17280/veles-ushte-go-cheka-prvoto-bebe-vo-novata-godina/