До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од први февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Тој посочи дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година.
Содржината продолжува под рекламата
Шаќири нагласи дека е важно да се почитуваат здравствените мерки и дека за заштита и претпазливост од КОВИД-19 не треба да се мисли само во училиштата, туку е важно и однесувањето надвор од нив.
Содржината продолжува под рекламата
Поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот на КОВИД-заразата, Владата на седница на 17 јануари донесе одлука за одложување на второто полугодие кое наместо на 20 јануари треба да почне на 1 февруари.
Можеби ќе ве интересира: