Поради вградување на асфалтен слој, од денеска до сабота затворен за сообраќај ќе биде регионалниот пат Велес – Градско на делот од село Ногаевци до село Виничани.
Содржината продолжува под рекламата
Сообраќајот урово на сите државни патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Содржината продолжува под рекламата
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Можеби ќе ве интересира: