ДОБРА ВЕСТ: Само четворица пациенти се лекуваат од ковид во велешката болница!

Само четворица пациенти со ковид-19 се хоспитализирани во велешката болница. Од нив еден е со потврден позитивен тест, а останатите тројца имаат негативни тестови, но и потреба од болничко лекување. По двајца се распоредени на инфективното и на интерното одделение Сепак, дури тројца од четворицата се на киуслородна поддршка.

Zito akcija 640x289px

Во Велес во моментов се регистрирани само два активни случаи со ковид-19, еден пациент со позитивен тест во болница и еден, кој е лекува дома. Согласно овие бројки, епидемијата и во Велес ја губи силата, па прашање на ден е кога и Велес ќе стане град без ковиде-19.

Agria

Од почетокот на пандемијата до сега во Велес се регистрирани 5470 заразени, од кои 5290 се излечија, а битката со вирусот ја загубија 178 вечешани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21497/da-nema-policziski-chas-i-ukinuvane-na-ogranichuvaneto-od-maksimum-100-gosti-na-svadbi-i-proslavi-predlaga-komisijata-za-zarazni-bolesti/