ДОБРИ ВЕСТИ: Втор ден по ред нема нови заразени велешани со коронавирусот

bolnica Veles kovid
bolnica Veles kovid

Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес веќе втор ден не е регистриран ниту еден случај на ковид-19, а во последните 24 часа се оздравени пет пациенти. Бројот на активни велешани кои се заразени со Ковид-19 изнесува 86.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19 во:

Agria

Скопје 40-Прилеп 8-Куманово и Охрид по 6-Тетово и Радовиш по 5 -Битола 3 -Струга и Кичево по 2 -Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево по 1.

Пријавени се вкупно 2 починати лица: 1 лице од Скопје (67г) и 1 лице од Кавадарци (80г).

Регистрирани се 259 оздравени пациенти од:-Скопје 128 -Куманово 25 -Битола 21 -Тетово и Струмица по 10 -Виница 9 -Прилеп 8 -Штип 7 -Кичево 6 -Велес 5 -Гостивар 4 -Ресен, Радовиш и Дебар по 3 -Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Неготино, Берово и Пробиштип по 2 -Охрид, Свети Николе, Крива Паланка, Богданци и Демир Хисар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања на Ковид-19

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: