Дојави за бомби во основно училиште во Кавадарци и Министрството за надворешни работи

Policija oznaka
Policija oznaka

Утрово околу 08.20 часот во полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса во основното училиште „Гоце Делчев“ во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Zito akcija 640x289px

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И Министрство за надворешни работи информира дека утрово добиле дојава за поставени бомби.

„До Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, информираат од МНР“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: