Доларот зајакна, цената на нафтата порасна.

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна.

Zito akcija 640x289px

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 101,97 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,92 поени.

Agria

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 126,85 на 127,35 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се „лизна“ на 1,0695 долари, додека вчера во ова време беше 1,0715 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа по вчерашниот пад.

Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,03 отсто на 114,08 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,16 отсто на 110,50 долари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: