На повеќето азиски берзи денеска цените на акциите пораснаа трет ден по ред, бидејќи се намалија стравувањата од банкарска криза и откако вчера берзанските индекси на Волстрит пораснаа за повеќе од 1 отсто. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, околу 7 часот порасна за 0,3 отсто, трет ден по ред.
Кинеските берзански индекси утринава паднаа поради корекција на цените на акциите во технолошкиот сектор. Вчера тој сектор силно порасна, по веста дека Alibaba ќе биде поделена на шест деловни групи.
Тоа е најзначајното преструктуирање во историјата на Alibaba, а инвеститорите се надеваат дека тоа значи дека кинеските регулатори наскоро ќе ја прекинат истрагата за тоа како технолошката компанија работи.
А на валутните пазари благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,73 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,57 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0830 долари, додека вчера беше 1,0845 долари.
Цените на нафтата благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,31 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,26 отсто, на 72,80 долари.
Moжеби ќе ве интересира: