Доналд Трамп даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да започне со преземањето на власта

Bajden i Tramp
Bajden i Tramp

Моменталниот претседател Доналд Трамп прифати транзиција на власта, иако вети дека ќе продолжи да се бори за оспорување на резултатите на изборите.

Zito akcija 640x289px

Дозволата за да започне транзицијата на власта се случи откако официјални лица од сојузната држава Мичиген синоќа го сертифицираа Бајден за победник на претседателските избори, а тоа наскоро се очекува да го сторат и властите во Пенсилванија.

Agria

Доналд Трамп синоќа на Твитер потврди дека препорачал да започнат првичните протоколи за предавање на власта.

„Препорачувам Емили Марфи и нејзиниот тим да направат што треба во однос на првичните протоколи и му кажав на мојот тим да го направи истото“, напиша Трамп.

Emili Marfi

Марфи е администратор во Службата за општа администрација (ГСА), и синоќа таа испрати писмо до новоизбраниот претседател Бајден дека нејзината канцеларија е подготвена да започне со формално предавање.

„Оваа улога ја сфаќам сериозно и поради најновите случувања кои вклучуваат правни предизвици и потврда на резултатите од изборите, денес го испраќам ова писмо за да ви ставам на располагање средства и услуги“, напиша Марфи во писмото до Бајден.

Одлуката на претседателот доаѓа по речиси три неделна неизвесност со непризнавање на резултатите, повикувајќи се на нерегуларности како гласање на починaти или отселени лица, двојно гласање или гласање под принуда.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: