Македонското собраниe по петдневна расправа, вечерва со 63 гласа „за“, 36 „против” и ниту еден „воздржан“ го донесе Буџетот за следната 2022 година.
За предлог буџетот претходно десет дена се расправаше и на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Потоа беше вратен во владата и дополнет со прифатените 23 амандмани, од кои 12 на опозицијата.
Буџетот е проектиран на 4,4 милијарди евра. Вкупните приходи се планирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП, а расходите се проектирани на ниво од 272,4 милијарди денари што е за 1,4 проценти повеќе од годинава.
Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. За капитални инвестиции за следната година се предвидени 37,8 милијарди денари, што е за 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Запазено е т.н. „златно правило во финансиите”, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи.
Moжеби ќе ве интересира: