Донесено решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот се одобрува во целост

soobrakajka Siti mol

Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, во врска со сообраќајката пред Сити мол, во која животот го загуби 24-годишна девојка, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., кој ја прегази девојката, се одобрува во целост.

Zito akcija 640x289px

„Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост. Врз основа на оценетиот обвинителен акт формиран е кривично-правен предмет со К.бр 496/22 кој согласно АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа истиот ќе биде објавен на веб-страницата на судот во делот ‘Календар на судења’“, соопшти Кривичниот суд.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28145/dhenita-kiczara-i-mia-velinova-vo-sostavot-na-zhenskata-reprezentaczija-na-makedonija-do-17-godini/