Досега највисок број на новозаболени за 24 часа во Македонија

luge so maski

Македонија од ден на ден руши рекорди со новозаболени од коронавирус. Денес се регистрирани нови 1275 случаи.

Zito akcija 640x289px

Во Велес се регистрирани нови 47позитивни случаи на коронавирус, со тоа бројката на активни случаи се искачи на577.

Agria

Најголем број случаи се потврдени во Скопје-519, Тетово-85, Прилеп-75 и Куманово-70.

Состојбата по градови игледа вака: Во Штип се потврдени 36 нови случаи, Струга-30, Велес-47, Битола-69, Охрид-24, Кавадарци-40, Гостивар-55, Гевгелија-22, Струмица-39, Крива Паланка-7, Радовиш-15, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-7, Кратово-12, Свети Николе-6, Кичево-34, Ресен-6, Неготино-19.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти, починати се 13 лица, еден пациент од Скопје (86г), еден од Штип (87г), четврорица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73г), еден од Тетово (71г), еден од Струга (31г), еден пациент од Битола (65г), еден од Охрид (82г), еден од Струмица (82г), еден од Кочани (72г) и еден пациент од Берово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15166/pet-licza-pod-istraga-za-sprovedenite-javni-nabavki-vo-drzhavnata-izborna-komisija/