Оваа недела се оддржа последна трка од македонскиот мотокрос шампионат. Трката за оддржа на патеката Смолево во близина на Битола. Драган Ванов ја потврди својата класа и стана шампион на Македонија во мото-крос класа MX2 до 250 кубици.
Во класата Ендуро, класа Е1 до 250 кубици, исто така е на лидерската позиција, со што за прв пат некој некој возач освојува шампионски титули во два различни спорта, Мотокрос и Ендуро, што е огромен успех и напор за возачот и мотоциклот, како и за целиот тим. Ова е четврта шампионска титула во континуитет во Ендуро и седма титула во кариерата, а прва во Мотокрос.
Содржината продолжува под рекламата
Ова е огромен успех за Ванов кој е многу тешко да се постигне, имајќи во предвид дека ова се опасни и екстремни спортови со висок ризик. Следниот чекор за Ванов се европските трки во Ендуро и Суперендуро за што е потребна сериозна подршка од државата која досега и покрај големите успеси ја нема.
Содржината продолжува под рекламата
„Дали и како ќе се измешаме во светот каде работите и спортистите се професионално ангажирани и подржани од професионални тимови со сериозни буџети, е равенка со повеќе непознати. Нашето Министерство за спорт не ги препознава нашите резултати и го маргинализира нашиот спорт како небитен и неолимписки спорт. Ние ќе продолжиме да ги исцрпуваме домашните буџети до крај, но за да се бориме со странските конкуренти потребен е нов мотор кој ние го немаме и буџети за настапи во странство, а со тоа и нашиот напредок е неизвесен, изјави Ванов.
Можеби ќе ве интересира: