АРХИВСКА ФОТОГРАФИЈА
На првата ендуро трка која се бодува во годинашниот шампион што вчера се возеше кај езерото „Младост“ во Велес првото место и златниот пехар во Е -1 класа го освои Драган Ванов од МК Мото Велес.
Второто место му припадна на Мартин Караколев од Ендуро Тим Водно од Скопје, додека трет беше Драган Зафировски од Мото Велес.
Во Е-2 класата прв беше Али Керим од МК Хиенад Ендуро од Тетово, а втор во истата класа е неговиот клупски колега Егзон Металиу.
Во Е-3 класата прв е Самет Имери од МК Мото Велес, втор Рами Салихи од МК Хиенад Ендуро, а трет Виктор Ефремов од МК Мото Велес.
Победник во Е-Ј јуниор класата беше Давид Крстевски од МК Мото Велес.
Се возеа два круга по 40 километри по нерамен земјен терен со многу вештачки направени препреки.
Како што потенцира за МИА Сашко Ванов од МК Мото Велес, организатор на трката, се возеше по екстремно тешки услови и многу високи температури.
„Насекаде во светот ендуро трките се возат во екстремно тешки услови моментално и на италијанското ендуро првенство и на останатите се вози и на повисоки температури од нашите. Но, тоа е ендурото бара многу жртвување и издржливост од возачите и прилагодување на условите. Јас како организатор искажувам пофалба до сите возачи кои на патеката над велешко езеро вчера три часа возеа по вакви екстремни услови и кои на крај успешно ја завршија трката“, потенцира Ванов.
Воедно информира дека над велешко езеро како гостин на трката по третпат настапи и Стефано Ди Персио од Мото Клубот Регнано од Италија кој е меѓу топ – 10 ендуро возачи во италијанскиот шампионат.
Втората ендуро трка од Државниот македонски шампионат за 2024 се планира да се одржи во септември во Куманово, а третата трка во октомври во Тетово.
Можеби ќе ве интересира: