Драстично намален бројот на новозаразени во последните 24 часа

Veles nov most Fevruari
Veles nov most Fevruari

За разлика од вчера кога имаше дури 26 нови позитивни случаи на ковид-19 во Велес, денес се регистрирани два. Министерството за здравство регистрира и 10 оздравени пациенти, со што бројот на активми случаи во градов е262.

Zito akcija 640x289px

Во изминатите 24 часа направени се 2 533 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани 305 нови случаи.

Agria

Новозаразените по градови се во: Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово – 22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 167 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 11 починати лица: 4 пациенти од Скопје (79г, 72 г, 67 г, 57 г), 3 од Прилеп (79г, 71,70), 2 од Гевгелија (85г, 71 г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102 787, бројката на оздравени пациенти е 91 233, на починати е 3 137, а бројот на активни случаи изнесува 8 417.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: