Дрекслмајер најголем работодавач во Македонија

Порталот „Пари“ ги анализираше 100-те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во државата, а посебен осврт направи на 10-те најголеми. 100- те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра, покажуваат податоците на платформата БизнисМрежа.мк.

Zito akcija 640x289px

Кај истите овие работодавачи, мината година биле вработени  76.598 работници, односно 1.731 помалку. Во 2020 година, тие направиле вкупен приход од 6,2 милијарди евра, но притоа треба да се земе во предвид дека во 2021 година веќе почна инфлацискиот тренд, а повисоките цени, секако дека имаа влијание на зголемувањето на износот за направениот промет. Во 2020 година овие компании направиле добивка од 350 милиони евра, што значи дека лани компаниите биле попрофитабилни за дури 156 милиони евра.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најголемиот работодавач е во Кавадарци, а тоа е компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА. Во 2020 година, ова компанија беше втор најголем работодавач. Да потсетиме, станува збор за компанија за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата минатата година направила приход од 60,7 милиони евра, а добивката и била 2,7 милиони евра.

Целиот текст на порталот пари можете да го прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32896/semejna-drama-vo-veles-mazh-si-ja-napadnal-soprugata-i-sinot/