Четврто реми за фудбалерите на Превалец во првенството. Денес во рамките на 11 коло од Третата фудбалска лига – Југ, на гостувањето во село Возарци, одиграа 1:1 со екипата на Дреново.
За домашните стрелец беше Армен Мемедов, додека за Превалец, Маријан Здравевски. И двете екипи на овој натпревар не искористија неколку стопроцентни шанси за гол.
До крајот на есенскиот ел има уште две кола, а веќе во недела во Превалец гостува екипата на Младост од Кривогаштани.