Државна матура ќе се полага од 29 мај до 14 јуни – додадени нови изборни предмети

Drzavna matura 3

Екстерните испити од државната матура за учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни.

Zito akcija 640x289px

Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, а испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини.

Agria

На 29 мај ќе се полага мајчин јазик, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. На 5 јуни, учениците ќе полагаат странски јазик, односно англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски јазик. На 11 јуни, ќе се полага естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја, социолигија, бизнис, информатика и географија, а на 14 јуни математика.

Новина годинава има и за проектната задача која ќе содржи истражувачки дел.

Наместо класичната проектна задача која се прави во рамките на матурскиот испит, од оваа година на средношколците ќе им биде дозволено да создадат своја идеја во форма на младинска иницијатива, филм, дигитална платформа, мултимедијален настан.

За одбрана на проектната задача напролет, Државниот испитен центар ќе изготви протоколи и за физичко присуство и за онлајн, во зависност од ситуацијата со Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15933/fudbalerkite-na-borecz-so-poraz-go-zavrshija-esenskiot-del-od-prvenstvoto/