Државниот инспекторат за екологија испитува кој е загадувачот на езерото „Младост“

Инспектори од државниот инспекторат за екологија денеска земаа мостри од водата на велешкото езеро „Младост“. Ќе се испитува кој е изворот на мрсната дамка, која вчера ги вознемири посетителите на езерото. Резултатите треба да бидат готови за неколку дена. Откако ќе се утврди каква материја била испуштена во водата, ќе се стесни кругот на можни загадувачи. Мрсната дамка денеска ја нема во водата на езерото. За среќа, нема ниту помор на рибите.

Zito akcija 640x289px

Нечистотијата се појави вчера, во појасот помеѓу бродот кој се користи како угостителски објект и летниковците на стотина метри оддалечени од него. Сепак, извори на Батали.нет велат дека мали се шансите загадувањето да е од угостителскиот објект, бидејќи тој е поврзан на главната канализациона мрежа. Според истите извори, можно е мрсната дамка да се создала од испуштање на моторно масло од некој од чамците. Од Инспекторатот за животна средина велат дека треба да се почекаат резултатите од мострите, па да се донесе заклучок.

Agria
Местото каде што вчера се појави мрсната дамка во езерото „Младост“ кај Велес

Во недостиг на локален инспектор за животна средина, државниот инспекторат ќе даде согласност општина Велес да изврши инспекци во објектите покрај езерото, бидејќи според надлежноста, за нивна контрола е задолжена општината. Од инспекторатот велат дека во ваква ситуација, кога општината нема инспектор, треба да се направи меѓуопштинска соработка, односно велешката локална самоуправа да побара помош од локален еколошки инспектор од некоја соседна општина. Во меѓувреме, риболовците на велешкото езеро „Младост“ будно ја следат состојбата, за да не дојде до угинување на рибниот фонд на езерото.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: