![Veles Juli 2021 zolto ambulantno vozilo](https://batali.net/wp-content/uploads/215492760_2073198196153063_4703425032080923940_n.jpg)
Вкупно 14 новозаразени се регистрирани во Велес во последниоте 24 часа, 10 пациенти се оздравени. Од велешката болница информираат дека во моментов таму се хоспитализирани вкупно 25 пациенти, од кои 23 имаат позитивни тестови, тројца се сомнителни на вирусот. Дури 10 пациенти се на кислородна поддршка. Бројот на активни случаи се искачи на 127.
Во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 464, Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица – 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – 9, Дебар и Виница – по 7, Неготино – 6, Берово – 5, Штип, Валандово и Богданци – по 4, Македонска Каменица – 3, Охрид , Крива Паланка и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 451 оздравени пациенти, пријавени се 32 починати лица: 8 починати лица од Скопје (52г,54г,58г, 61г,67г,68г, 75г, и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г,47г ,48г,61г,67г и 74г), и Тетово (54г,57г, 60г,72г,74г и 78г), 3 од Куманово (52г,71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.
Можеби ќе ве интересира: