Во натпревар со пресврти, Железарец и Кеги Моби ги поделија бодовите. Дејан Кајсторовски од КМФ Железарец со својот трет гол во 37 минута ја скрати радоста на велешани за триумф во Скопје.
Домаќините поведоа со првиот гол на Кајсторовски во 17 минута, за да пред крајот на првото полувреме со првиот гол на Левков Кеги Моби изедначи на 1:1. Во 22 минута Железарец повторно поведува со вториот гол на Кајсторовски. Пет минути подоцна Левков со вториот гол во израмнува, а велешани со голот на Костадин Петров во 32 минута поведуваат со 2:3. Кајсторовски со третот гол во 37 минута го поставува конечниот резултат од 3:3.
Содржината продолжува под рекламата
Кеги Моби и во следното коло гостува во Струга кај екипата на Енхалон која се наоѓа на деветата позиција со шест освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: