Два нови случаи на ковид-19 и 15 оздравени пациенти во Велес

Veles noemvri
Veles noemvri

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 145, Струмица – 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Регистрирани сe 547 оздравени пациенти од: Скопје – 299, Битола – 47, Прилеп – 39, Струмица – 19, Кавадарци и Охрид  – по 18, Куманово и Велес – по 15, Штип – 12, Ресен – 8, Кочани и Гевгелија – по 7, Свети Николе – 6, Кичево, Струга, Неготино, Крива Паланка и Демир Хисар – по 5, Делчево – 4, Тетово и Валандово – по 3, Богданци и Дојран – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица:  2 починати лица од Скопје (63г  и 86г), и едно починато лице од Струмица (53г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (86г), Тетово (78г) и од Кичево (68г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: