Македонија тргна победнички во новата Лига на Нации. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски славеа со 2-1, со два гола од пенал што ги реализираа Езгјан Алиоски и Илија Несторовски. И Ерменија погоди од пенал, а стрелец беше Тигран Барсегјан.
Вториот натпревар од новата сезона во Лигата на нациите Македонија го игра на 8 септември во Тбилиси. Грузија е можен ривал на нашиот национален тим во борбата за историско место на ЕП, затоа што се наоѓа во плејофот и чека полуфинале со Белорусија додека Македонија игра со Косово.
Можеби ќе ве интересира: