Два случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија

Majmunski sipanici

Двајца мажи, на возраст од 40 и 44 години, од Скопје се новите случаи на мајмунски сипаници регистрирани во земјава. Според податоците на здравствените власти, случаите не се поврзани меѓусебно, а ниту еден од пациентите не патувал во странство во последниот период.

Како што информира директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, еден од пациентите е веќе хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје и се следи неговата здравствена состојба. Вториот сѐ уште не се пријавил на ниту една од клиниките.

Agria

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски упати апел до јавноста да не подлегнува на паника. Тој истакна дека здравствениот систем е подготвен и дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести со цел да се координираат понатамошните мерки.

Мајмунските сипаници се вирусна болест слична на големите сипаници, но со поблага симптоматологија. Се предизвикува од вирусот Monkeypox, кој припаѓа на истото семејство на вируси како и големите сипаници (variola virus).

Главно преку близок физички контакт со заразено лице, со телесни течности, промени на кожата (осип), или преку контаминирана облека и постелнина. Можно е и пренесување од животни на луѓе.

Температура, главоболка, болки во мускулите, замор, отечени лимфни жлезди, и карактеристичен осип кој се шири низ телото. Инкубацискиот период е обично од 5 до 21 ден.

Во повеќето случаи, мајмунските сипаници поминуваат самостојно за 2 до 4 недели. Сериозни компликации се ретки, но можно е да се појават кај лица со ослабен имунитет.

Избегнување близок контакт со заразени лица, лична хигиена, носење заштитна опрема при контакт со сомнителни случаи, и следење на препораките од здравствените власти.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: