Два угостителски објектa затворени поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19

Zatvoren objekt Aerodrom
Zatvoren objekt Aerodrom

Полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус констатирале дека два угостителски објекта, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење на Ковид-19 и во нив се затекнати повеќе лица.

Zito akcija 640x289px

„Во текот на ноќта  31.10.-01.11.2020 полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вршеа контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус. При контролите констатирано е дека два угостителски објекти, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење ковид 19 и во нив се затекнати повеќе лица“, се вели во соопштението од МВР.

Agria

Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19.

Полицијата во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжува со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: