Двајца припадници на АНБ суспендирани за случајот „Онишченко“

Аleksander oniscenko

Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко, кој добил македонско државјанство иако бил на црна листа на САД поради мешање во изборниот процес, неофицијално дознава „Фокус“.

Zito akcija 640x289px

Откако директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија, истакна дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик.

Agria

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, Димовски на тој начин сака да избегне одговорност, бидејќи согласноста во рамки на АНБ минала низ неколку филтри, а крајниот потпис го става токму директорот, кој пак е назначен од Владата.

Во исчекување директорот да реферира и на затворена владина седница, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека повеќе институции дале зелено светло за државјанството на прорускиот украински бизнисмен, но, како што додаде, по новонастаната ситуација ќе побараат дополнителни информации.

Претседателот Стево Пендраовски, пак, оцени дека се работи за скандал, бидејќи, според него, податокот дека Онишченко се наоѓа на црната листа на САД не треба специјално да се обезбедува, бидејќи се работи за јавно објавена информација.

Инаку, овој случај изби во време кога се уште актуелниот директор на АНБ Димовски се спрема за замине на амбасадорска служба во Париз.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34221/borecz-junior-esenski-shamioni-vo-pionerska-konkurenczija/