Двајца велешани се степале вчера напладне во близина на основното училиште Кирил и Методиј во Велес. Тепачката се случила околу 12:15 часот, кога била повикана и полицијата.
„На 21.10.2020 околу 12.15 часот во Велес, на ул.„Архиепископ Михаил“, во близина на основно училиште бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу М.Ј.(35) и Д.К.(41)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Фото: google maps
Можеби ќе ве интересира: