Полицијата уапси двајца велешани на 34 и 44-годишна возраст, осомничени дека биле продавале дрога. Велешаните се фатени синоќа, половина час пред полноќ, на автопатот Неготино – Демир Капија.
„На 07.10.2020 околу 23.30 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, полициски службеници од СВР Велес од слобода ги лишиле Х.Б.(44) и М.О.(34) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Полицијата против нив ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: