Две лица починаа во велешкиот ковид центар, 24 новозаразени во последното деноноќие

kreveti infektivno
kreveti infektivno

Едно лице на 73 годишна возраст од Велес и едно лице од село Долно Јаболчиште на 60 годишна возраст починаа денес во велешкиот ковид центар како последица од коронавирусот. Денеска се испишани двајца пациенти како оздравени, со еден негативен тест. 

Zito akcija 640x289px

Во велешкиот ковид центар (инфективно, интерно и модуларна болница) се наоѓаат вкупно 68 пациенти, од кои 41 добиваат кислородна поддршка. 49 од нив имаат позитивни ковид тестови, шест се се сомнителни на вирусот , додека 13 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На инфективното одделение се сместени 45 пациенти, на интерното одделение се сместени шест пациенти, додека во модуларната ковид болница, се хоспитализирани по 17 пациенти.

Инаку и денес во ковид статистиката има двоцифрен број на заразени во Велес 24, оздравени се осум пациенти. Бројот на активни случаи е 257.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: